Ивица му го изваде јазикот но органите еден по еден му откажуваа: Зошто Серхио Рамос кажа само 2 збора: Антонио Пуерта (фото/видео)

„Ова е за мојот татко, за мојот дедо и за Антонио Пуерта“, рече легендарниот стопер Серхио Рамос (37) по слетувањето во Севиља во понеделникот за да потпише договор со неговиот клуб од детството.

Откако ги одби понудите од Саудиска Арабија, Америка и Турција, славниот капитен на Реал Мадрид се врати дома и враќањето го посвети, меѓу другото, на својот покоен соиграч, за кого верува дека му „должи“ да игра во опремата на Андалузијците уште еднаш по 18 години.

Антонио Пуерта беше дефанзивец на Севиља кој почина во август 2007 година, на само 22 години. Тој колабирал на теренот за време на натпреварот против Гетафе, додека одел кон својот гол. Во моментот кога колабирал покрај него биле двајца соиграчи, од кои едниот бил српскиот интернационалец Ивица Драгутиновиќ.

,,Бев некако најблиску, прв што сфатив што се случува. Првото нешто што беше највашно беше да не се задуши. Според докторот, јас му дадов вештачко дишење правилно и тоа ми е најважно бидејќи тоа практично му го спаси животот на теренот“, рече тој за Б92.

Сепак, Ивица откри информација од клубот, која веднаш го навестуваше најлошото.

,,Четири пати му застана срцето од стадионот до болницата и лекарите успеаја да го реанимираат. Состојбата му се менува, денес е потешко, тој сè уште е на апаратот во кома“, изјави тој тогаш.

Пуерта можеше да стане откако падна на теренот и да оди до соблекувалната, каде уште еднаш му се слоши. Веднаш бил префрлен на одделот за интензивна нега во локалната болница, каде што починал три дена подоцна, на 28 август 2007 година. Пуерта беше локално момче, Андалузиец како Серхио Рамос и практично во исто време влегоа во професионалниот фудбал. Тој играше само за Севиља, на која и’ се приклучи како шестгодишно дете во 1993 година и беше во нејзиниот дрес до неговата трагична смрт.

Д-р Франциско Муриљо подоцна открил дека му откажале неколку органи и дека претрпел непоправливо оштетување на мозокот. Причината за сè беше неизлечива, наследна срцева болест наречена аритмогена кардиомиопатија.

Повеќе од 16 години по неговата трагична смрт, Серхио Рамос застана пред новинарите овој петок на аеродромот и го кажа неговото име, Антонио Пуерте. Култниот капитен на Реал Мадрид се согласи да заработи „само“ еден милион евра за враќањето во Севиља, што е точно 20 пати помала од платата што му ја нуди Ал-Итихад во Саудиска Арабија.