Игор Којиќ, синот на српскиот пејач Драган Којиќ Кеба, беше фотографиран во друштво на бринета на концертот на неговиот татко во Белград, само два месеци откако тој стави крај на бракот со Софија Дачиќ.
На концертот, убавата бринета седеше во ложата со Игор и неговата мајка Оља, а двајцата беа во одлично расположение и не можеа да ја тргнат насмевката од своите лица. Според српските медиуми, кога ги забележале фотографите, решиле да се разделат и го поминале остатокот од вечерта разделени.
Фотографиите можете да ги погледнете тука .
Да ве потсетиме дека Игор Којиќ и Софија Дачиќ се разведоа пред два месеци, откако бракот, кој започна веднаш по разводот со пејачката Северина, траеше многу кратко. Софија Дачиќ поднесе барање за развод кон средината на мај.
Според српските медиуми, повикувајќи се на извор близок до семејството Којиќ, Игор во последните месеци често давал до знаење дека неговата врска со Софија не оди во насоката во која се надевал. Иако сакал мирен и стабилен семеен живот, амбициите и животните приоритети на Софија биле различни. Според изворите, токму оваа разлика во ставовите за заедничката иднина го одлучила нивниот брак.
Синот на пејачот Драган Којиќ Кеба и поранешниот сопруг на Северина еднаш ја опиша својата нова сопруга како „единствената вистинска љубов“.
