„ИДНИНА ЗА КОЈА ВРЕДИ ДА СЕ ЖИВЕЕ…“ Слика од бебешка нога и оваа порака: Последна објава на убиената Низама го КРШИ СРЦЕТО (ФОТО)

Невенчаната сопруга на Нермин Сулејмановиќ (35), Низама Хеќимовиќ, која беше убиена во крвававиот чин на нејзиниот сопруг, во последната објава на социјалните мрежи му се обрати на своето бебе, на девојчето за чиј живот се плашеше и во последните мигови, а од чија светла иднина се надевала секој ден.

Насилникот бил пријавен за семејно насилство

Потсетуваме, Нермин Сулејмановиќ, кој изврши тројно убиство, почнувајќи од невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ, веќе бил пријавен во полиција за семејно насилство.

-Има пријава за насилство. Но, она што мораме да го кажеме е дека секогаш се користеа предностите на законот, односно се откажуваше сведочењето поврзано со кривичното дело семејно насилство. Оттука, станува збор за лице со повеќекратни осудителни осуди кое е веќе познато на полицијата и Обвинителството – изјави за локалните медиуми портпаролот на Обвинителството во Тузла, Адмир Арнаутовиќ.

Ја убил сопругата пред викендицата во Шибовац, недалеку од Градачац, додека нивната ќерка лежела во локва крв и плачела.

Сулејмановиќ ја снимал својата невенчана сопруга откако била претепана, при што земал пиштол и рекол „види кога си имаш работа со ***** кој те пријавува во полиција“.

Како што можеше да се види на вознемирувачкото видео кое сега е избришано, тој ја прашал несреќната жена зошто го пријавила во полиција, а таа му одговорила дека се плаши за себе и за детето.

-Се плашев, се плашев за себе и за детето – рекла таа со голема болка, по што убиецот ладнокрвно и пукал во главата.

Откако ја претепал и убил својата невенчана сопруга, Нермин убил уште две лица, татко и син (23), турски државјани, Џенгиз Ондер и Џенгиз Денис. 

При пукањето биле ранети граѓанинот Недим Памуковиќ и полицаецот Хусеин Коториќ, кој по укажаната помош во локалната болница бил пуштен на домашно лекување.

Уби тројца и си пресуди

Откако „во живо“ го пренесуваше убиството на својата невенчана сопруга на Инстаграм, Сулејмановиќ побегна од полицијата, каде продолжи со својот потфат. Сепак, на крајот самиот си пресуди.

За девојчето на несреќниот пар се погрижил сопственикот на теретаната Емир Џиновиќ каде Нермин работел како инструктор.

– Да, го спасив бебето, беше спуштена на подот во локва крв. Сега е безбедно со мене. Глетката беше страшна. Ја претепал својата несреќна сопруга, таа била непрепознатлива. Се знаеме долго време, тој работеше за мене, никогаш немаше никакви проблеми. Не знам како се случи ова – изјави за „Република“ сопственикот на теретаната.