Избегнете ги овие третмани за коса ако имате мигрена: Може да почувствувате гадење, вртоглавица, осип…

Убавата и негувана коса е желба на секоја жена, но за оние дами кои страдаат од мигрена, овој дел од негата може да биде вистински кошмар. Затоа, важно е доколку почувствувате необјаснети симптоми по одредени процедури за нега на коса, да побарате совет од вашиот лекар, советува д-р Чанди Џаин Гупта – дерматолог.

Жените кои имаат проблем со мигрена почесто од другите имаат гадење, вртоглавица, осип, конфузија и влошување на симптомите на мигрена. Тоа е затоа што третманите со кератин содржат формалдехид, кој може да предизвика иритација на очите, главоболка, вртоглавица, болки во грлото, кашлица, отежнато дишење, гадење, болка во градите, повраќање и осип.

– Ефектите обично се јавуваат за време или набргу по третманот со кератин, користејќи производи кои содржат формалдехид, познат канцероген кој, за жал, го има во многу третмани за коса – истакнува д-р Гупра.

Докторот исто така додава дека сè уште не се познати долгорочните ефекти на третманот со кератин врз здравјето.

Ако страдате од мигрена, според советите на д-р Гупта, обидете се да ги избегнувате овие супстанции и третмани кои можат да го влошат проблемот:

  • кератин
  • хемиско исправување на косата
  • измазнување
  • ботокс за коса
  • носење екстензии
  • PRP третман на коса (плазма богата со тромбоцити)
  • трансплантација на коса