Судскиот совет започна со активности во врска со примената на препораките од Извештајот на Оценската мисија на ЕУ

 – Судскиот совет на Северна Македонија започна со активности во врска со имплементација на препораките од Извештајот на Оценската мисија на ЕУ.

-Судскиот совет на Република Северна Македонија со експертите од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото, финансиран од ЕУ, предводени од тим лидерот на проектот Дитер Шиндлауер и лидерот на компонента – Поддршка на ЕУ за владеење на правото Гжегож Борковски, во периодот од 22-24 јануари одржува Работилница за Извештајот на Оценската мисија на Европската Унија за функционирање на Судскиот совет на Република Северна Македонија, со цел имплементација на препораките содржани во извештајот, стои во соопштението на Судскиот совет објавено на веб страницата.

По завршување на работилницата, Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе информира за усвоените заклучоци и понатамошните чекори, се додава во соопштението.