Избегнувајте ја оваа храна ако имате проблеми со тироидната жлезда

Со оглед на тоа дека тироидната жлезда е првенствено одговорна за метаболичките хормони и нивната рамнотежа во нашето тело, треба да внимаваме да избегнуваме работи кои на било кој начин можат да му наштетат на нејзиното здравје. Според Health, постојат одредени намирници кои треба да ги избегнуваат сите луѓе со болести на тироидната жлезда.

Храна која содржи глутен

Диететичарите објаснуваат дека ова правило првенствено се однесува на лицата со целијачна болест или нетолеранција на глутен. Според студија од 2021 година објавена во списанието Nutrients, целијачната болест и автоимуните болести на тироидната жлезда, како што се тироидитисот на Хашимото и Грејвсовата болест, честопати одат заедно.

Иако не е сосема јасно дали диетата без глутен може да помогне во лекувањето на болестите на тироидната жлезда, луѓето на кои им е дијагностицирана целијачна болест треба да следат строга диета без глутен за да спречат влошување на симптомите, како и луѓето со болест на тироидната жлезда.

Преработена храна

Иако повеќето луѓе многу добро знаат дека јодот е неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда, прекумерното внесување солена, преработена храна може да предизвика лицето да внесе премногу натриум во телото, што може да резултира со срцеви заболувања и висок крвен притисок. .

Диететичарите предупредуваат дека и производителите не се обврзани да користат јодирана сол во своите производи, поради што при конзумирање на преработена храна честопати воопшто не консумираме јод, кој е важен за здравјето на нашата тироидна жлезда.

Брза храна

Слично на преработената храна, синџирите за брза храна исто така не се обврзани да користат јодирана сол. Затоа, луѓето треба да избегнуваат или барем да ја намалат потрошувачката на храна од рестораните бидејќи не постои докажан начин да се утврди кои ресторани користат јодирана сол, а кои не.