Гласачите во Туркије на 14 мај ќе излезат на избори за претседател и парламентарни пратеници. Ви ги донесуваме најважните информации за изборниот систем во земјата.
Претседателот на Туркије се бира преку систем на гласање во два кругови во кои кандидатот мора да го добие апсолутното мнозинство или повеќе од 50 отсто од гласовите во земјата.
Ако ниту еден кандидат не освои мнозинство, победникот го одлучува вториот круг помеѓу двата кандидати со најголем број гласови од првиот круг од гласањето.
За да некој може да биде претседателски кандидат, мора да биде турски државјанин кој има најмалку 40 години и завршено високо образование, односно диплома во било која област.
Кандидатот може да го предложи секоја партија која на претходните парламентарни избори освоила пет отсто од гласовите. Со формирањето на сојузи, партиите можат заедно да го одредат кандидатот.
Независните кандидати исто така можат да се натпреваруваат доколку доколку успеат да соберат 100.000 потписи на регистрираните гласачи.
На гласачкото ливче за претседателските избори ќе бидат наведени имињата, партиската припадност и фотографиите на сите кандидати. Гласачите можат да изберат опција „да“ за кандидат по сопствен избор.
Со оглед дека претседателот го бираат граѓаните директно на петгодишен мандат, тој или таа не можат да бидат сменети пред истекот на мандатот. Како лидер на државата, претседателот има многу извршни овластувања кои се наведени во Уставот.
Тоа вклучува прогласување закони, именување заменици, министри и високи јавни раководители, ратификација и прогласување на меѓународни договори, обликување на надворешната политика и утврдување на политиката на национална безбедност.
Улога на Врховната изборна комисија
Откако ќе се пребројат сите гласови според тој систем, Врховната изборна комисија (ЈСК) ги објавува резултатите на национално ниво.
ЈСК, највисокото владино изборно тело, е задолжено за спроведување на сите неопходни мерки за гарантирање на фер и транспарентни избори, како и за следење на процесот од почетокот до крајот на гласањето.
Врховната изборна комисија се состои од седум главни и четири заменски членови.
Покрај генералното управување и следење на изборите во земјата, Врховната изборна комисија е одговорна и за процесот на регистрација на гласачите на турските државјани кои живеат во странство.
Делегациите се испраќаат во турските амбасади ширум светот каде што државјаните на Туркије кои живеат во странство можат да учествуваат на изборите.
Врховната изборна комисија има потполна контрола и надлежност на донесување на конечните одлуки за сите неправилности во врска со изборите во текот на гласањето и по гласањето.