Изборниот штаб на Бајден отвори сметка на ТикТок

Изборниот штаб на американскиот претседател Џозеф Бајден отвори сметка на апликацијата ТикТок за да им се приближи на помладите гласачи, пред претседателските избори закажани за ноември.

Лансирањето на кампањата на ТикТок е значаен чекор, со оглед на сомнежите во Вашингтон за апликацијата, која е во сопственост на кинескиот технолошки гигант Бајт Денс.

Некои американски конгресмени долго време бараат да се забрани апликацијата поради стравувањата дека кинеската Влада би можела да користи податоци на корисниците или да влијае на содржината што гледачите можат да ја видат на апликацијата.

Раководството на ТикТок остана на ставот дека нема да ги споделува податоците на американските корисници со кинеската Влада и презеде значителни мерки за заштита на приватноста на своите корисници.

Видеото објавено на ТикТок од изборниот штаб Бајден-Харис го прикажува Бајден како одговара на кратки прашања, вклучително и дали ќе навива за Канзас Сити или Сан Франциско во финалето на НФЛ.

Бајден се пошегува дека ќе имал проблеми со сопругата доколку не кажел дека навива за Филаделфија Иглс, додавајќи дека ќе го гледа натпреварот кој заврши рано утринава (25:22 за Канзас)