Избрано за НАЈУБАВО КУЧЕ НА СВЕТОТ: Тоа е неверојатно меко и паметно, а кога ќе ги видите неговите шепи…

Австралискиот овчар Викинг е прогласен за најдобро куче на изложбата Crufts 2024, која заврши вчера во Бирмингем (Велика Британија). Тригодишниот Викинг од Солихал, Бирмингем победи 24.000 кучиња од целиот свет кои се натпреваруваа на натпреварот за убавина од 7 до 10 март. Викинг, кој ја освои наградата за најдобро шоу во недела, 10 март, е во сопственост на Мелани Рејмонд, Џон Шо и Кери Киртли.

Мелани Рејмонд е трета генерација одгледувач на кучиња и живее на помалку од пет километри од изложбеното место каде што се одржуваше Crufts 2024.

Викинг, како што рече Рејмонд, ги оправда очекувањата на сите косопственици: „Никогаш не се сомневаме во него, бидејќи тој секогаш го дава својот максимум во рингот“.

Австралиски овчар – куче со атрактивни бои и атлетски движења