Над планинското село Долно Јаболчиште во Општина Чашка денеска во 11 часот избувна шумски пожар со кој е зафатена квалитетна шума. Пожарот се шири кон врвот Лисец. Во негово гаснење засега се вклучени 20 вработени од Општина Велес кои се на терен и се борат со огнената стихија, која поради ветрот брзо се шири и разгорува.
Во велешко е активен и големиот шумски пожар на планината Мукос во реонот на село Степанци кон месниста викана Кадиица на границата помеѓу Општина Чашка со Општина Долнени со жариште во Ораов Дол према Кадиица, кој избувна на 24 август. Последниве денови е високо во планината на непристапен терен, а во негово гаснење денеска се вклучени само тројца вработени од ШС „Бабуна“.
Поради ветрот пожарот се повеќе се шири и зафаќа големи пространства со мешана шума. Инаку на 27 август освен од земја пожарот се гаснеше и од воздух со хеликоптерот на МВР и воздухопловот „ертрактор“ на ЦУК.