Голем пожар избувна денеска во 12 часот и 45 минути во атарот на село Костурин, струмичко. Горат слама и стари гуми.
Како што информираат од Противпожарната бригада на Струмица, пожарот го гаснеле пет противпожарни возила и 15 пожарникари.
Избувнувањето на пожарот е во почетна фаза, но се спречува негово проширување околу шумите.
Причинета е значителна материјална штета, додека екипите се уште се на терен и работат на целосно гаснење на пожарот