Објавена е т.н. умреница на познатиот актер Метју Пери, миленикот на многумина како Чендлер од серијата „Пријатели“.
Пери бил пронајден мртов во када со топла вода кон крајот на минатиот месец, а неговиот погреб беше одржан во Меморијалниот парк Форест Лон во Лос Анџелес, каде што се закопани многу познати ѕвезди како Пол Вокер и Кери Фишер.
На неговиот погреб освен семејството и пријателите дојдоа и неговите колеги од култната серија „Пријатели“.
Неговата умреница е добиена од The Blast и наведува дека причината за смртта на ѕвездата е „одложена“ бидејќи токсиколошкиот извештај на Метју сè уште се чека.
Првичните извештаи покажаа дека немало метамфетамин или фентанил во неговото тело кога починал, но други лекови бараат посериозно тестирање. Чекањето за таков извештај може да трае со недели, но неговите блиски велат дека тој бил чист и трезен пред смртта.
Во потврдата за смртта има и информација дека неговиот очув Кит Морисон им дал информации на истражителите.
Кога иследниците пристигнале во домот на Метју, не нашле никакви нелегални лекови, но нашле лекови на рецепт кои биле соодветно означени. Метју се отвори за својата битка со зависноста во своите мемоари Пријатели, љубовници и големата страшна работа.
Метју силно верувал во помагањето на другите кои поминале низ слични предизвици.
„Кога ќе умрам, не сакам „Пријателите“ да бидат првото нешто што се споменува – сакам да биде за помагањето на другите. И така ќе го живеам остатокот од мојот живот“, рекол тој пред неговата смрт, пренесува Мирор.
„Зависноста е премногу моќна за некој да ја победи сам. Но заедно, еден ден во исто време, можеме да ја победиме“.
Неговите пријатели и семејството ја основаа Фондацијата Метју Пери во чест на актерот по неговата смрт за да им помогнат на оние кои се борат со зависноста.