ИЗВЛЕЧЕНИ 28 тела од под урнатините: Се зголемува бројот на жртви по украинскиот напад на пекарата, меѓу нив и дете

Бројот на жртвите од украинските удари во кои беше погодена пекара во Лисичанск се зголеми на 28, а едно од нив е дете, соопшти администрацијата на првиот човек на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) Леонид Пашечник.

Како што се наведува, повредени се 10 лица, пренесува РИА Новости.
Претходно беше објавено дека во нападот загинале 20 лица , а под урнатините може да има околу 40 лица.

Според прелиминарните податоци на Истражниот комитет на ЛНР, нападот бил извршен со ракети ХИМАРС МЛРС.

Лисичанск се наоѓа во регионот Луганск, веднаш до линијата на фронтот, а руските трупи ја презедоа контролата врз градот во летото 2022 година.