ИЗВЛЕЧЕНО БЕБЕ ОД МОРАЧА: Објавено НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО од Црна Гора, во тек е интензивна потрага по жена (ВИДЕО)
Работниците на градското претпријатие Зеленило Алфи Ибрахимовиќ и Алмир Мујак го извлекле и спасиле бебето од Морача во Подгорица во Црна Гора , јавува Побједа.
Полицијата трага по 62-годишна жена која била забележана во водата. Ова го изјавија од Полициската управа за „Вијести“, објаснувајќи дека околу 11.20 часот било пријавено дека во реката биле забележани жена и бебе .
Според истите информации, бебето било извлечено од водата од граѓани. Пренесено е во Детската болница.
Ибрахимовиќ и Мујак вршеле редовни работни задачи кај мостот Блажово кога виделе дека бебето паднало во студената река. Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.
Детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја исцеди водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот.
Брзата помош брзо реагирала и го пренела момчето во болница.
Како што неофицијално информираат од полицијата порталот Побједа, постара жена со бебе паднала од карпите во Морача, а постои сомнеж за самоубиство.
На лице место се и припадници на полицијата