Извор: Столтенберг бара 40 милијарди евра годишно за воена помош за Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе побара од сојузниците да ветат минимум 40 милијарди евра годишно за финансирање воена помош за Украина, изјави извор од Алијансата, пренесе БТА.

– Треба да го одржиме сегашното ниво на поддршка како минимум, за да обезбедиме предвидливост што и е потребна на Украина онолку долго колку што е потребно, рекол изворот од НАТО, додавајќи дека сојузниците обезбедуваат околу 40 милијарди евра годишно откако Русија ја почна инвазијата врз Украина во 2022 година.

Министрите за надворешни работи на НАТО вечерва се состануваат на дводневна средба во Прага и се очекува утре на работна сесија да разговараат за предлогот на Столтенберг.