Извршните директори во најголемите компании ширум светот дале откази во рекорден број во 2023 година: Која е причината за овој тренд !?
Во време на неизвесна стабилност, како што е пандемијата со вирусот Ковид-19, компаниите имаат тенденција да ги задржат своите извршни директори за да им помогнат да „се снаоѓаат“, сепак…
Американските извршни директори продолжуваат да ги напуштаат своите работни места во рекорден број во 2023 година. Иако т.н големата оставка, можеби заврши за обичните работници, се чини дека допрва почнува за извршните директори. Challenger, Grey & Christmas открива дека повеќе од 1.500 извршни директори ги напуштиле своите позиции досега, што е најголем број на заминувања откако американската компанија ја спроведе анализата (2002 година).
„Има најмалку четири причини зошто забележавме зголемување на прометот на извршните директори во последните неколку месеци“, изјави Александар Кирс, висок директор за истражување во Gartner.
Во време на неизвесна стабилност, како што е пандемијата Ковид-19, компаниите обично ги задржуваат своите извршни директори за да им помогнат, пишува CNBC. Меѓутоа, кога економското опкружување се нормализира, се враќа „апетитот“ на одборот на директори за ризик.
Оттаму започнува потрагата по ново раководство. За извршните директори, стресот од водење компанија низ пандемија сега е надополнет со „бури“ од зголемени геополитички тензии, долготрајна инфлација и можна рецесија.
Овие трендови не влијаат само на извршните директори, туку можат да доведат и до намалување на трошоците, замрзнување на вработувањата и отпуштања – сето тоа влијае на вработените на сите нивоа.