Во 15:20 часот екипа на ТППЕ Велес го изгаси пожарот на ѓуброштето кај село Ногаевци, кој што беше пријавен во 12:50 часот. Со залагање на пожарникарите била спасена од пожар една викенд куќа во која немало никој.
Како што информираат за МИА од ТППЕ Велес, немало опасност по млекарата која била оддалечена 300 метри од пожарот.
На пожарот првпо се интервенирало со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Потоа во гаснењето се вклучило уште едно возило со еден пожарникар.
Истата локација, ѓубриштето кај село Ногаевци гореше и пред две години, информираат од ТППЕ Велес