ИЗГЛЕДА НЕОБИЧНО, НО ЕФИКАСНО: Навечер, насочете го вентилаторот на овој начин и разладете се подобро отколку со клима уред
Тоа решение важи само за ноќи кога надворешната температура е значително пониска од температурата во вашата соба
Сите знаеме дека климатизацијата троши многу струја, а со тоа и пари, па ако сакате да заштедите пари, а сепак да останете ладни, го имаме решението за вас.
Тоа решение важи само за ноќи кога надворешната температура е значително пониска од температурата во вашата соба. Се работи за насочување на вентилаторот да дува низ прозорецот, нанадвор, ноќе.
Ова можеби звучи контраинтуитивно, но кога вентилаторот дува кон надвор, го исфрла топол воздух од просторијата и го заменува со свеж воздух однадвор. Доколку дополнително отворите друг прозорец, ќе добиете пријатен провев и ќе спиете како бебе.