За среќа нема жртви.
Фудбалерите на Барнсли славеа во 12. коло од Лига 1 (третиот натпреварувачки ред во Англија) на гостувањето кај Ексетер со 1:0, но додека овој клуб се обидува да се врати во Чемпионшип, на пат им се случи несреќа враќајки се од натпреварот.
Клупскиот автобус на Барнсли се запали на автопатот додека се враќаа дома и предизвика вистинска драма.
Се појави видео на кое се гледа како возилото е зафатено од пламен, додека луѓето во исто време се изненадени и се смеат.
За среќа, никој не е повреден, но останува нејасно што на луѓе ова им е смешно.