Територијалната противпожарна единица на општина Охрид соопштува дека денеска во раните утрински часови интервенирала во запален приватен објект во фаза на горење, во село Требениште – општина Дебарца.
При интервенцијата, нагласуваат, од таму биле извадени две лица со лесни изгореници и телесни повреди.
Во истиот објект е пронајдено и мртво лице“, додаваат од Територијалната противпожарна единица на општина Охрид.