Изгоре куќата на српски фудбалер во Грција! Пожарот „голташе“ се пред себе, еве што остана од убавата семејна куќа (Фото)

Вчера во Грција пожар ја зафати куќата на поранешниот српски репрезентативец и легенда на Олимпијакос, Предраг Ѓорѓевиќ. Тоа се случи во Ханукија, во областа Илија, местото на потекло на неговата сопруга. Куќата претрпе сериозни оштетувања, јавуваат медиумите во Грција. 

Имено, како што пренесува „protothema.gr“ , жителите на Ханукија рекле дека поради пожарот немале ниту струја ниту вода, па биле принудени да преноќат во своите дворови за да ги заштитат своите домови.

Според информациите, пожарот предизвикал голема материјална штета. Опфатил дел од куќата на поранешниот фудбалер, како и помошни објекти и магацини. Според пишувањата на грчките медиуми, пламенот дошол од предниот дел на пожарот кој започнал од Алпохори и ја зафатил парцелата каде што се наоѓа куќата на поранешниот фудбалер. Брзата интервенција на противпожарната служба спречила катастрофа од поголеми размери.

Фотографии од местото на настанот погледнете ги ТУКА .

Да потсетиме, Предраг Ѓорѓевиќ, поранешен српски репрезентативец, настапуваше за грчки Олимпијакос каде помина 13 години и на 343 натпревари постигна 126 гола. Ѓорѓевиќ беше клучна фигура во златното доба на Олимпијакос, освојувајќи 12 титули во лигата за 13 години и стана нивни најдобар странски стрелец. За репрезентацијата на Србија и Црна Гора одигра 37 натпревари и постигна еден гол. Учествуваше и на Светското првенство во 2006 година.