Изгоре обвинителски автомобил во Прилеп

Јавното обвинителство на Македонија информира дека вчера во Прилеп изгорел приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп, Марјана Илиеска.

Веднаш по настанот на лице место било извршено вештачење.

Обезбедени се траги и докази и се работи на откривање на сторителот на кривичното дело“, нагласуваат од Обвинителството.

Според информациите од Обвинителството, непознати сторители насилно влегле во гаражата каде што бил паркиран автомобилот и го запалиле.