Американскиот геолошки институт (USGS) на својата веб-страница објави дека утринава разорен земјотрес ја погоди сојузната држава Алјаска.
Според податоците на USGS , земјотресот бил со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 106 километри јужно од Сенд Поинт.
Ројтерс јавува дека американските власти издале предупредување за цунами.
Тој наведува дека УСГС соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 9,3 километри.