Измерена НОВА НАЈВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА во Европа: Екстремно време ширум континентот, има и мртви, хотелите одбиваат гости бидејќи НЕМААТ ВОДА
Екстремните временски услови не престануваат да пустошат големи делови од Европа!
Живата се искачи на 42 степени Целзиусови во јужниот италијански град Фоџа, додека хотелите на Сицилија, наводно, почнале да ги одвраќаат туристите поради невидената суша на островот.
На Балеарските Острови е забележано цунами додека поројните дождови опустошија алпско село во Франција, принудувајќи ги жителите да се евакуираат со хеликоптери.
#Inondations en #Isère : les images vues du ciel parlent d’elles-mêmes… Le hameau de La Bérarde, à Saint-Christophe-en-Oisans a été totalement dévasté ces dernières heures en raison d’une crue majeure du #Vénéon et de ses affluents. Une centaine de personnes ont dû être évacuées… pic.twitter.com/jcgyvVXhOk
— Guillaume Woznica (@GWoznica) June 21, 2024
Повеќе од 10 лица загинаа, а десетици се повредени во големиот пожар што зафати неколку села во Турција во областа меѓу провинциите Дијарбакир и Мардин. Турција е зафатена од сушен период кој овозможува пожарите брзо да се шират. Министерот за здравство Фахретин Коча на својот профил на социјалната мрежа Х објави дека шест лица се во тешка состојба.
#BREAKING: MASSIVE FIRE ERUPTS IN DIYARBAKIR, TURKEY 🔥🇹🇷
— Genius Bot X (@GeniusBotX) June 21, 2024
A powerful fire has broken out in Diyarbakir, Turkey. Reports indicate that the blaze is uncontrollable at the moment. Firefighters are struggling to contain the inferno.#turkey #fire pic.twitter.com/J2S4WrU925
Властите во соседна Грција евакуираа неколку села јужно од Атина и во јужниот регион на Пелопонез поради шумските пожари кои се надвор од контрола. На пожарникарите на теренот им помогнале авиони кои посипувале вода. Поширокиот регион на Атина беше во пикот на вонредната состојба на пожари во петокот поради временската прогноза, а шумите и парковите беа забранети.
Италија, исто така, се подготвува за шумски пожари со предупредувања дека топлотниот бран во комбинација со сувите услови може да создаде идеални услови за шумски пожари во области како што се Сардинија и Сицилија.
Локалните медиуми јавуваат дека Сицилија забележала 48,8 степени – највисока температура во Европа од 2021 година. Хотелите во Агриденто повеќе не нудат ноќевање со појадок бидејќи залихите на вода се при крај. Франческо Пикарела, локалниот шеф на хотелската асоцијација, вели дека водоснабдувањето се вклучува два или три пати неделно.
– Сите куќи имаат резервоари за складирање вода, но за некои тоа не е доволно. Местата без вода ги пренасочуваат туристите во други куќи за гости. И тоа е само јуни – вели Пикарела.
Хрватската климатолог Лидија Срнец наведува дека порастот на температурата влијае на сите живи суштества и дека губењето на ведрите годишни времиња е неповратна последица на климатските промени.
– Во последните години се повеќе се гледа дека климата се менува. Минатата година беше најтопла откако се регистрирани официјални метеоролошки мерења. Под влијание сме на висок воздушен притисок и имаме наплив на сува и топла воздушна маса, што значи дека веќе неколку дена сме под високи температури. Факт е дека топлотните бранови се директна последица на климатските промени – вели Срнец за Вечерњи.
Повеќе од 1.000 аџии, да потсетиме, загинаа поради топлотниот бран што ја зафати Саудиска Арабија за време на најголемиот светски собир на муслимани!