ИЗМЕШАЈТЕ ГИ ОВИЕ 2 СОСТОЈКИ И СТАВЕТЕ ГИ ПОД ЈАЗИК: Ќе спиете цела ноќ како топ, а наутро ќе бидете одморен
Овие две состојки кои сите ги имаме во домот можат да помогнат доколку страдате од несоница.
Дали спаѓате во групата на луѓе кои речиси никогаш не спијат добро? Дали шетате со темни подочњаци и се вртите наоколу како мува без глава во текот на денот, размислувајќи само за моментот кога ќе дојдете до кревет? Конечно, можете да ставите крај и да му дадете на телото заслужен одмор, а се што ви треба е мед и сол.
Земањето мед и сол пред спиење ќе ви помогне да воспоставите вечерна рутина која ќе ве подготви за сон и ќе му каже на вашето тело дека доаѓа одмор. Ако го правите ова редовно и ако сте упорни, мозокот наскоро ќе посака да спие ноќе. Вклучете некоја релаксирачка активност во вашата вечерна рутина и тргнете се од малите екрани (кои веројатно се причина број 1 за вашата несоница) околу еден час пред спиење.
Секако, само овој рецепт нема да биде доволен за регулирање на сонот. Како што споменавме претходно, потребна ви е рутина и доволно часови сон, затоа легнете на време. Тоа е клучно! Доколку долго време имате проблем со несоница, задолжително консултирајте се со лекар!
Рецепт со само 2 состојки ќе го опушти телото и ќе го подготви за следниот ден
Измешајте 5 лажички мед и 1 лажичка розова хималајска сол, промешајте и ставете во мала стаклена тегла. Секоја вечер ставете малку смеса под јазикот и оставете ја да се раствори во устата.
Мешавината од сол и мед содржи многу минерали кои помагаат за спиење. Оваа моќна мешавина исто така може да предизвика вашето тело да произведува серотонин, кој ќе го ублажи стресот и ќе ви овозможи здрав сон.