ИЗНЕНАДУВАЊЕ? Потврдено од три извори: Путин доби невидена шлаканица од Индија! БРИКС на апарати за дишење!?
Групата Г7, ЕУ и Австралија поставија плафон за цените за да ја лишат Москва од средствата за војната во Украина
Втората по големина индиска државна банка „Bank of Baroda“ престана да одобрува плаќања за руската нафта продадена над цената одредена од Западот овој месец, потврдија за Ројтерс три извори запознаени со ова прашање.
Некои индиски рафинерии плаќаа во валута на Обединетите Арапски Емирати за руска сурова нафта со ниска содржина на сулфур по цена од повеќе од 60 долари за барел користејќи ја Банката на Барода.
Групата Г7, Европската унија и Австралија кон крајот на минатата година поставија голема цена за забрана за тргување со руската нафта, освен ако не се продава по наметната ниска цена, се со цел да ја лишат Москва од средствата за нејзината војна во Украина.
– Банката на Барода е крајно претпазлива во подмирувањето на плаќањата за руската нафта купена по цена над плафонот. Ни кажаа дека нема плаќање над таа цена, изјави изворот за Ројтерс
Банката се уште не ја коментира оваа ситуација.
Пред почетокот на војната во Украина, индиските рафинери ретко купуваа нафта од Русија поради повисоките транспортни трошоци. По санкциите на Западот против Москва поради инвазијата на Украина, индиските рафинерии ја искористија можноста и купуваа по пониска цена.
Така, Русија го замени Ирак како главен снабдувач на индиска нафта во последните неколку месеци, покажуваат трговските извори.
Некои рафинерии, претежно приватни оператори, вршат плаќања во дирхами за руската сурова нафта преку приватниот заемодавател Axis Bank. Засега не е познато дали Axis Bank престана да тргува со руска нафта по цена над плафонот.
Индија не го признава западното ограничување на цената на руската нафта, изјави за Ројтерс минатиот месец извор од Министерството за нафта.
– Ниту го запревме, ниту го намаливме купувањето на руска нафта по одлуката на Банката на Барода. Ќе размислиме да користиме рупии за да платиме за нафта купена по цена над плафонот, рече друг извор.
Имено, минатата година Индија воспостави механизам за порамнување на меѓународната трговија во рупии. Некои руски банки подоцна отворија банкарски сметки во Индија за да го олеснат тргувањето со рупии.
Овој механизам сè уште не е пуштен во употреба поради недостатокот на руски интерес за рупијата и поради трговскиот дефицит на Индија со Москва.
Сепак, за време на минатонеделната посета на Индија, извршниот директор на руската нафтена компанија Роснефт, Игор Сечин, разговараше за начините за проширување на соработката со Индија, вклучувајќи ја и можноста за плаќање во националната валута.