Израелската армија застрела палестински тинејџер на Западниот Брег

– Палестинец рано утрово е смртно застрелан од припадници на израелската Армија на окупираниот Западен Брег.

„Граѓанин е убиен од куршуми на израелската армија во кампот Тулкарем“, соопшти палестинската новинска агенција Вафа.

Во соопштението се додава дека застреланиот е младото момче Махмуд Абу Саан (18), кој бил погоден во главата од окупаторските војници од непосредна близина.

Судири избија меѓу десетици млади Палестинци и израелските сили кога тие упаднаа во бегалскиот камп Тулкарем. За време на судирот израелските сили употребија жива муниција – метални куршуми и солзавец.