Нови проблеми за Јелена Карлеуша! Сопругот на Марина Туцаковиќ ѝ прави сплетки: Тој ме уценува (фото)

Јутјуб каналот на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша е затворен откако Александар Радуловиќ Фута, сопругот на покојната Марина Туцаковиќ го пријавил, односно бил ограничен поради наводна злоупотреба на авторските права. Конкретно, каналот беше ,,страјкуван” три пати, што значеше негово автоматско исклучување.

Фута наведува дека станува збор за „злоупотреба на авторските права“ од неговата покојна сопруга на песните на Јелена, но не е јасно зошто, бидејќи Карлеуша уредно го платила секој текст од песната што Марина и’ го напишала.

– Тоа е вистина. Има разни луѓе на кои сега ќе им се затворат каналите. Не знам кои песни, кои луѓе, кои канали, тимот го прави тоа во мое име. Не знам поединечно. Ги има многу. Во прашање е Законот за авторски права, кој конечно има функција да ги штити авторите, бидејќи оваа глупост за присвојување на авторските права од пејачите нема смисла. Тој закон го решава тоа, комплицирано е. Вака ми објасни мојот тим, ги почитувам авторските права поврзани со Законот, изјави Фута.

Сепак, како што пренесува Телеграф, станува збор за следново. Фута не спори дека Јелена ги купила песните од Марина, но тој како нов сопственик на тие права сега бара Јелена да му плати за повторно изведување на песните.

Тоа значи дека Јелена би морала да му плати на Фута за секоја песна која сака да ја изведе каде било. Овој потег им наштети и на композиторите кои работеа на тие песни, бидејќи имаат права на хонорари од SOKOJ.

Карлеуша: Тој човек ме уценува

Во оваа прилика се огласи и Јелена, која е видно разочарана од она низ што минува со сопругот на Марина.

– Мојот канал на YouTube, се разбира, наскоро ќе биде обновен. Сопругот на Марина Туцаковиќ се обидува со уцена и измама незаконски да го искористи минатиот труд на неговата покојна сопруга и да ме изнуди, но секако дека нема да успее. Наместо неговата горчлива судбина да го научи да биде подобар човек, тој го покажа своето болно алчно и лице. Судот и мојот правен тим сега се занимаваат со тоа, како и со кармата. Повеќе нема да се рекламирам на оваа тема бидејќи ми е под чест – изјави Јелена за Телеграф.