Израелската армија има речиси 170 илјади активни војници, Хамас 10.000

Израелската Армија има речиси 170 илјади активни припадници, најмногу во копнените сили, околу 130 илјади. Има и 465 илјади резервисти. Има приближно 250 модерни борбени авиони и повеќе од 1.700 тенкови.

Од друга страна, Хамас има околу 10 илјади членови, со тоа што, во време на војна, тој број може да достигне 50 илјади. Таа е една од најдобро вооружените герилски организации во светот, која истрела илјадници ракети и ја проби израелската противвоздушна одбрана.

Ракетниот арсенал на Хамас е многу разновиден, вклучувајќи од едноставни ракети Касам-1 со боева глава од половина килограм и дострел до четири километри до ракети М302 со боева глава од 150 килограми, кои можат да гаѓаат цели оддалечени повеќе од 150 километри.