– Израелската војска објави дека во последните 24 часа извршила воздушни напади на повеќе од 450 места во блокираниот Појас Газа и дека нејзините копнени трупи продолжуваат да ги „прошируваат своите активности“ во регионот.
И покрај повиците на меѓународната заедница за прекин на огнот, Израел продолжува да ги интензивира нападите што ги започна врз Газа на 7 октомври.
Во соопштението на израелската војска се наведува дека во последните 24 часа биле погодени повеќе од 450 цели.
Војската тврди дека биле гаѓани командни центри и набљудувачки точки на вооруженото крило на Хамас, Бригадите Касам.
Додадоа дека копнените трупи во регионот „ги прошириле своите активности“.
Израелската војска во петокот ги прошири воздушните и копнените напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври.
Во израелските напади загинаа најмалку 7.703 Палестинци. Меѓу нив 70 отсто се жени и деца, покажуваат официјалните податоци.
Бројот на загинати во Израел е над 1.400.
Околу 2,3 милиони жители на Газа се борат со недостиг од храна, вода и лекови поради масовното израелско воздушно бомбардирање и целосната блокада на енклавата.
Генералното собрание на ОН повика на итен хуманитарен прекин на огнот, 120 земји гласаа за резолуцијата предложена од Јордан. Меѓутоа, Израел ја отфрли.