Израелската полиција нападна турски новинари во Ерусалим, со пиштол им ја скрши камерата

Израелската полиција во петокот се обиде да спречи турски новинари да влезат во редакција во Ерусалим, при што еден полицаец ја скрши телевизиската камера.

Новинарите од националната телевизија ТРТ Њуз објавија дека израелските сили ги блокираат и употребуваат сила против Палестинците кои оделе кон џамијата Ал Акса за петочна молитва.

Израелската полиција физички се мешала во работата на екипата на ‘ТРТ њуз’, при што со пиштол им ја скршила камерата додека работеле на известување за настанот.

Иако камерата е оштетена, новинарот на ТРТ изјави дека ќе продолжи да ги следи нападите во Палестина. За време на преносот во живо, израелската полиција фрлила солзавец во областа каде што се наоѓа џамијата.

Оваа недела, израелските сили уште еднаш застанаа на патот на вообичаената петочна молитва, воведувајќи ограничувања за Палестинците кои сакаа да се молат во џамијата Ал-Акса во окупираниот Стариот град во источен Ерусалим.