Израелскиот претседател ја опишува кризата околу реформите во судството како најопасна во историјата на земјата

 – Претседателот на Израел, Исак Херцог, рече дека спорот околу контроверзниот план за реформи во судството е „најсериозна домашна криза“ што земјата ја видела досега, јави ТРТ Балкан.

Илјадници луѓе вчера повторно излегоа на улиците на Израел во знак на протест против контроверзниот план за реформи во судството и покрај тоа што верско десничарската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху го одложи.

Во интервју објавено во израелскиот весник „Једиот ахронот“, Херцог вели: „Верувам дека моменталната криза (реформа во судството) е најопасна од воспоставувањето на државата, најсериозна во историјата на земјата.“

Наведувајќи дека кризата околу судските регулативи зафати многу сектори, Херцог рече дека дискурсите дека голема опозиција е против него се само пропаганда.

Истакнувајќи дека ги „одбил“ барањата за оставка, Херцог во интервјуто рече: „Имам голема доверба во сите слоеви во општеството.“

Откако на почетокот на јануари беше најавена реформата, десетици илјади Израелци се собираат секоја недела за да го критикуваат нацрт-законот и Владата што Нетанјаху ја формираше во декември, а ја опфаќа и крајната десница.

Реформите во судството, што на 5 јануари ги најави министерот за правда Јарив Левин, вклучуваат прописи кои ги ограничуваат овластувањата на Врховниот суд и ѝ дозволуваат на Владата да има право на глас во именувањето судии.

Под притисок на невладините организации и противење и внатре во самата коалициска влада и во војската, Нетанјаху го одложи контроверзниот закон кон крајот на март, за да „овозможи дијалог“.

И покрај одлуката за одложување, Владата на Нетанјаху која не направи чекор назад, изјави дека контроверзниот декрет ќе го врати во Парламентот на почетокот на мај.