Израелските војници убија тројца Палестинци

Израелските војници убија тројца палестински вооружени лица кои денеска ја нападнаа нивната позиција на окупираниот Западен Брег, соопшти армијата, додавајќи дека четвртиот напаѓач е уапсен откако се предал.

Палестинското Министерство за здравство ја потврди смртта на тројца палестински милитанти во близина на Наблус во северниот дел на Западниот Брег, на териториите каде насилството е зголемено во последните месеци. Милитантната група која дејствува под името Лавовска дупка, со седиште во стариот дел на Наблус, издаде соопштение во кое се вели дека тројцата убиени се нејзини членови.