Израелските сили застрелаа Палестинец во окупираниот Западен Брег

– Израелските сили смртно застрела Палестинец во окупираниот Западен Брег со тврдење дека извршил обид за напад.

Во писменото соопштение на израелската војска се тврди дека еден Палестинец во градот Хеброн, во јужниот дел на Западен Брег, извршил обид со возило да прегази лица на воен пункт во кој се наоѓале израелски сили.

Се нагласува дека еден израелски војник се здобил со лесни повреди, додека животот го загубил еден Палестинец кон кого бил отворен оган.

Не е откриен идентитетот на Палестинецот кој е смртно застрелан од израелските војници.