Израелските сили за цел ја зедоа интензивната нега во болницата Ал Шифа, бебињата извадени од инкубатор
– Немилосрдните напади на израелските сили непрекинато продолжуваат со бомбардирање на блокираниот Појас Газа, а во вечерните часови повторно цел на нападите беше комплексот на главната болница Ал Шифа, при што погодено е Одделението за интензивна нега.
Израелската целосна блокада на Појасот Газа и постојаните напади предизвикаа драматична ситуација во комплексот на болницата Ал Шифа во која под опсада се наоѓаат неколку илјади пациенти и цивили кои таму најдоа засолниште.
Нападите на соларните панели на болницата Ал Шифа, како и на Одделението за интензивна нега и салата за пораѓање дополнително ја влошија ситуацијата, а Одделот за интензивна нега на новороденчиња престана да работи поради недостаток на струја.
Предвремено родените бебиња на лекување во Одделението за неонатална интензивна нега извадени се од инкубаторите и префрлени се во друго одделение.
Директорот на болницата Ал Шифа, Мухамед Абу Силмије, изјави дека седум пациенти, вклучувајќи ги и оние од интензивната нега, починале поради недостаток на медицински материјали и прекин на струјата.
Наведувајќи дека поради прекинот на струјата на уредите од виталната опрема животот го загубиле 6 предвремено родени бебиња и 9 ранети лица, Абу Силмије рече дека бројката на луѓе кои ги загубиле животите во болницата се зголемила на 20 во изминатите неколку дена, колку што тој комплекс под потполна блокада го држи израелската војска.
Истакнувајќи дека смртните случаи се последица на фактот дека Израел не дозволува влез на гориво, Абу Силмије рече дека во болницата се наоѓаат уште 33 предвремено родени бебиња чии животи се загрозени.