Израелците го уништија домот на уште еден човек од Хамас: Погледнете како е уништена куќата на Салех ал-Арури (ВИДЕО)

Израелските одбранбени сили денеска објавија видео на кое се прикажува уништувањето на куќата на висок функционер на Хамас.

Тоа е куќата на Салех ал-Арури (57), прогонетиот командант на силите на Хамас на Западниот Брег.

Ал Арури, ветеран лидер на Хамас кој помина 17 години во израелски затвор, е заменик на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије.

Според Ројтерс, куќата била уништена утрово.

Мештаните изјавиле дека никој не живее во куќата и дека нејзиното уривање било наредено минатата недела.

Ал Аури стана втор човек на Хамас во 2017 година

Ал Аури помина вкупно 17 години во израелските затвори, главно во административен притвор без обвинение или судење.

Тој беше ослободен и депортиран во 2010 година. Тој стана вториот човек на политичкото крило на Хамас во 2017 година. Накратко се врати во Газа од Либан во 2018 година, за првпат од 2010 година, за да присуствува на прекинот на огнот со посредство на Египет и ОН.

Во 2021 година, израелската армија ја презеде неговата куќа на Западниот Брег.

Според одредени информации, по излегувањето од затвор тој прво заминал во Турција, а потоа во Катар и Либан.