– Израел започна преговори со Спејс икс, компанија во сопственост на американскиот милијардер Елон Маск, за користење на сателитскиот интернет-систем Старлинк.
Израелското Министерство за телекомуникации потврди дека се во преговори со Спејс икс за користење на системот Старлинк.
Се додава дека преговорите се во тек и дека со овој чекор ќе се овозможи непрекинат интернет во градовите и воените зони во близина на границата со Газа.
Во соопштението се наведува и дека Израел првпат ќе го користи Старлинк, кој ќе служи како резерва во случај ако откажат другите системи.
Како што наведува „Блумберг“, Спејс икс сѐ уште не го прифатила барањето на Израел.
Спејс икс е американска приватна компанија што се занимава со производство на вселенски летала и дава услуги за вселенски транспорт со седиште во Хоторн, Калифорнија, САД. Компанијата е основана од Елон Маск во 2002 година со цел намалување на трошоците за летовите во вселената.
Старлинк е сателитски интернет-систем со кој управува Спејс икс, кој обезбедува покриеност во над 60 држави. Исто така, има цел глобална услуга за мобилна телефонија по 2023 година.