Израел демолираше палестинско бедуинско село по 219-ти пат

Израелските сили денес по 219-ти пат го урнаа палестинското бедуинско село Ал Аракиб во јужниот регион Негев, вели локален активист

Израелските сили денес по 219-ти пат го урнаа палестинското бедуинско село Ал Аракиб во јужниот регион Негев, вели локален активист.

Последното уривање на објектите во селото беше во јуни.

„Селото беше урнато без оглед на страдањата на жителите среде ова топло време“, изјави активистот Азиз ал Тури за Анадолу.

Домовите во Ал Аракиб, во кои живеат 22 палестински семејства, се изградени од дрво и пластика.

Селото првпат било уништено во 2010 година и оттогаш повторно e изградено по секое уривање. Израелските власти тврдат дека локацијата каде што се наоѓа спаѓа под „државно земјиште“.

Жителите на Ал Аракиб се арапски граѓани на Израел што беа раселени во 1951 година, кога Израел ја презеде областа како „државно земјиште“.

Зохрот, невладина организација со седиште во Тел Авив, во неодамнешниот извештај рече дека селото Ал Аракиб првпат било изградено за време на отоманскиот период, а земјиштето било купено од жителите.

Израелските власти се обидуваат да ја преземат контролата врз земјата и да ги протераат нејзините жители, при што десетици села и бедуински заедници се соочуваат со иста закана во областа Негев, објави невладината организација Зохрот.

AA