Израел започна операција и на југот на Газа! Сè потврди началникот на Генералштабот, израелската војска има нова цел (ВИДЕО)

Израелското воено радио објави дека трупите на земјата продираат во внатрешноста на јужниот дел на Појасот Газа, а сега има потврда за тоа од највисоко ниво.

Би-Би-Си јавува дека Херзи Халеви, началникот на Генералштабот на израелската армија, исто така дал индиции дека Израел започнал копнена операција на југот на палестинската енклава.

Израел, израелската армија, Газа

– Се боревме силно и темелно во северниот дел на Појасот Газа, а сега тоа го правиме и во јужниот дел на Појасот Газа – рече Халеви.

Џереми Боуен, уредник на надворешнополитичката редакција на британскиот медиумски сервис кој известува од Ерусалим, синоќа изјави дека израелските сили навлегуваат во областа околу градот Кан Јунис.