Путин изгуби важен Генерал! Потврдено е дека починал во Украина, наводно згазил на мина (ФОТО)

Генерал-мајор Владимир Завадски, заменик-командант на рускиот 14-ти армиски корпус на северната флота, е убиен во Украина, објави руски официјален претставник, пренесува Sky News.

Британската телевизија наведува дека Александар Гушев, гувернерот на северозападната област Воронеж, денеска на Телеграм ја објавил веста за смртта на Завадски.

Владимир Завадски

Се наведува дека Гусев не кажал како починал генерал-мајорот, кому рускиот претседател Владимир Путин во декември минатата година во Кремљ му ја додели Златната ѕвезда на херојот на Русија.

Sky News наведува дека претходно се појавиле непотврдени информации дека Завадски бил убиен од нагазна мина .

Се наведува дека централните власти во Москва официјално не ја потврдиле смртта на Завадски.