Израел му се заблагодари на Бајден за помошта

 Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, на Х ја објави фотографија од билборд покрај пат во Израел со благодарност до американскиот претседател Џо Бајден.

– Благодарам господине претседателе, напиша Коен.

Ова се случува во момент кога САД ја зголемуваат воената помош за Израел, при што првиот авион со американско оружје синоќа пристигна во јужен Израел.

Израелската армија соопшти дека „напредна муниција“ пристигнала во воздухопловната база Неватим, и таа треба „да овозможи значителни напади и подготовка за дополнителни сценарија“.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го осуди нападот без преседан на Хамас врз Израел како „чисто зло“.

САД, исто така, преместуваат носач на авиони и борбен авион во источниот Медитеран.