Израел му се закани на Иран! Армијата е подготвена со сите сили да нападне моќен сосед: „Тие се с’ржта на злото“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека Иран ќе настрада доколку Хезболах ја ескалира војната со Израел.

Тој на прес-конференцијата изјави дека Израел ќе се спротивстави на Иран „на секој можен начин“ , објави „Џерусалим пост“.

–  Иран е с’ржта на злото. Ние дејствуваме против нив секаде и од сите страни – рече Нетанјаху

Малку порано израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и членот на воениот кабинет Бени Ганц го одбија барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва да одржат заедничка прес-конференција со него, пренесоа израелските медиуми.

Извор од Партијата за национално единство на Ганц изјави за веб-страницата Вала дека „нема посебна причина за одржување на прес-конференцијата“.