Израел не беше соодветно подготвен за напад на Хамас, изјави израелскиот амбасадор во Париз

Амбасадорот на Израел во Франција денеска призна дека неговата земја не била „доволно подготвена“ за нападот што го започна Хамас, укажувајќи на неуспех на разузнавачките служби.

Палестинската милитантна група Хамас денеска започна огромен ненадеен напад против Израел, истрелувајќи илјадници ракети од Газа и испраќајќи борци да убиваат или киднапираат луѓе, при што загинаа најмалку 70 луѓе.

„По ова изненадување, јасно е дека не бевме доволно подготвени за тоа, дури може да се каже едвај подготвени“, рече амбасадорот Рафаел Морав во интервју за француското радио „Европа 1“.

Запрашан за можен неуспех на израелските разузнавачки служби, израелскиот дипломат одговори „сигурно, сигурно, да… затоа што нормално требаше да бидеме подготвени“.

„Ќе треба да се извлечат лекции“, додаде тој