Нејмар и Бруна Бјанкарди станаа родители: Во трогателна објава го открија името на девојчето (Фото)

Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди станаа родители, а двојката ја сподели среќната вест во заедничка објава на Инстаграм и го откри името на девојчето. Заедно со серијата фотографии од болницата со нивната новородена ќерка, во описот на заедничката објава открија дека се вика Меви со порака: „Нашата Меви пристигна да ни ги употполни нашите животите“.

“Добре дојде ќерко! Веќе те сакаме многу. Ти благодариме што не избра”, рекоа тие подолу.

На фотографиите се гледа како парот се насмевнува и ја бакнува својата новородена ќерка.

Двојката уште во април објави дека го очекуваат своето прво заедничко дете. Бјанкарди на своите профили на социјалните мрежи го документира напредокот на бременоста.

Сепак, на Бруна не и било лесно за време на бременоста. Ова лето фудбалерот призна дека ја изневерил и јавно се извини. Во септември повторно беше споделено видео на кое фудбалерот ја изневерува со две девојки.

Бруна се огласи на Инстаграм по веста дека повторно е изневерена: „Дознав што се случи и повторно сум разочарана. Во последната фаза од бременоста сум фокусирана на ќерка ми и размислувам само за неа во моментов. Благодарна сум за вашите пораки за поддршка“, рече таа.

Бјанкарди има 29 години и е роден во Сао Паоло. Студирала маркетинг. Работела како модел, а потоа се посветила на кариерата на инфлуенсер. Нејзиното богатство се проценува на речиси два милиони долари. Таа го запознала Нејмар во 2020 година и набрзо започнале врска, а од почетокот криеле дека се заедно.

Фудбалерот на Ал Хилал веќе го има 12-годишниот син Дави Лука со Каролина Дантас.