ОВА Е НАЈСКАПОТО ПОРШЕ: Сопственик се станува само по 12 месеци, а еве што е финтата (ВИДЕО)

И покрај почетната цена од повеќе од 290.000 евра, Porsche 911 S/T е многу баран производ, а многумина веруваат дека станува збор за автомобил кој ќе се најде во бројни гаражи. Сепак, среќниците кои ќе издвојат значителна сума за оваа прекрасна 911-ка, нема веднаш да станат сопственици.

Доколку се прашувате зошто е тоа така, одговорот го дава Фран Мозер, првиот човек на гамата на моделите 911 и 718. Тој објасни дека сакаат да спречат понатамошна препродажба на моделот.

  • Кога беше објавен 911 S/T – одбележување на 60 години од 911 – добивме невиден интерес за автомобилот, далеку над бројот наменет за САД – изјави Мозер за The Drive.
  • Сакаме да обезбедиме автомобилите да бидат достапни за вистинските ентузијасти да возат и да уживаат во годините што доаѓаат. Поради оваа причина, оние на кои им е доделен 911 S/T во САД ќе мора да се придржуваат до договорениот минимален период на задржување, определен на една година. Во пракса, ова ќе значи дека автомобилите во САД првично ќе бидат изнајмени за тој период пред да се пренесе сопственоста.

Првите испораки на моделот се очекуваат на пролет следната година. Да потсетиме, ова е моментално најскапиот нов Porsche во гамата и воедно најпосакуваниот 911.