Израел распореди десетици илјади војници, стотици милитанти убиени: „Ова е само првата фаза од операцијата“ (фото)

Мисијата на израелската армија е во рок од 24 часа да ги евакуира сите жители на израелските зони околу Појасот Газа каде што „се водат херојски битки за ослободување на заложниците“, изјави воен претставник, а премиерот објави дека ова е првата фаза од битката, која ќе биде долга.

„Нашата мисија во следните 24 часа е да ги евакуираме сите жители од Појасот Газа“, изјави генералот Даниел Хагари на прес-конференција еден ден откако палестинскиот Хамас започна офанзива против Израел.

,Десетици илјади борци“ се распоредени во таа зона и ние „ќе ги освојуваме тие сектори еден по еден додека не ги убиеме сите терористи присутни во Израел“, рече Хагари.

Нетанјаху предвидува долга битка

Израелските сили во неделата трагаа по стотици палестински борци кои преминаа на нивна територија и продолжија да го напаѓаат појасот Газа додека премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека „Израел е во војна“ и дека тоа ќе биде „долга и тешка војна“ против Хамас, кој започна невидена офанзива против Израел.

Хамас ја започна офанзивата во мугрите во саботата со ракетни напади кон Израел, кои ги покриваа неговите борци кои влегоа на израелска територија преку дупките на ѕидот меѓу Газа и Израел, напаѓајќи воени и цивилни позиции во средината на градовите, на што израелските сили одговорија со бомбардирање бројни цели во Гази, тесна област со повеќе од 2 милиони жители.

„Убивме стотици од нив кај безбедносната ограда (изградена од Израел околу Појасот Газа) додека се обидуваа да влезат во Израел и за време на повлекувањето.

Голем број Израелци, и цивили и војници, се киднапирани и се држени како заложници од палестинските борци.

„Првата фаза се приближува кон крајот…со елиминација на огромното мнозинство непријателски сили кои влегоа на наша територија“, рече Нетанјаху денес.

Тој ги предупреди Израелците дека „зспочна долга и тешка војна“.

„Ќе завршиме со преземање целосна контрола врз израелската територија“, изјави Ричард Хехт, воен портпарол.

Армијата претходно објави дека стотици палестински милитанти сè уште се во пограничните области со Газа.

Во неделата, израелските сили ја презедоа контролата врз полицискиот штаб во Сдерот на границата со Газа, откако неутрализираа 10 терористи кои беа таму, соопшти полицијата.

50 години

Израелските власти не објавија никакви информации за киднапираните цивили и војници кои ги држат палестинските борци, но израелскиот портал Ynet проценува дека се работи за сто лица.

Движењето Хамас и уште едно движење Исламски џихад, кое му се придружи на Хамас во офанзивата против Израел, тврдат дека заробиле многубројни израелски војници.

„Она што се случува е без преседан во Израел“, призна Нетанјаху, коментирајќи го најсмртоносниот напад на израелско-палестинскиот конфликт во последните децении.

Најмалку 400 луѓе загинаа во Израел, а повеќе од 2.000 се ранети во голем напад на Хамас од Појасот Газа, според податоците објавени рано во неделата.

Според податоците објавени од Хамас, во Појасот Газа загинале 313 Палестинци, а речиси 2.000 биле ранети.

Конфликтот се прошири во неделата наутро во областа долж либанската граница, каде шиитското проиранско либанско движење гаѓаше израелски цели, а Израел одговори со оган.

Нападот на Хамас се случи 50 години и еден ден откако египетските и сириските сили започнаа офанзива против Израел за време на еврејскиот празник Јом Кипур во обид да ја вратат контролата врз територијата заземена од Тел Авив во кратката војна во 1967 година. Војната во Јом Кипур 1973 година однесе животи на 2.600 животи на израелска страна и најмалку 9.500 мртви и исчезнати на арапска страна во тринеделниот конфликт.

Сабја против потоп

Бригадите Ал Касам, вооруженото крило на Хамас, објавија дека ја започнале операцијата „Потопот Ал Акса“ против Израел и дека истрелале „повеќе од 5.000 ракети“ со кои сакаат да стават крај на сите злосторства на окупацијата. Израелската војска соопшти дека Палестинците истрелале 3.000 ракети.

Израелската армија ја започна операцијата „Железна сабја“ и започна воздушни напади врз енклавата и тврдеше дека уништила неколку згради во кои биле сместени „командите“ на Хамас.

Нетанјаху најави крај на снабдувањето со електрична енергија, храна и стоки од Израел на палестинската територија, која е под израелска блокада повеќе од 15 години.

Училиштата се затворени во Газа.

Западот едногласно го осуди нападот на Хамас, а Вашингтон, верен сојузник на Израел, рече дека на хебрејската држава „ќе и’ биде дадено сè што и’ е потребно за да се одбрани“.

Советот за безбедност на ОН одржa итна седница за ситуацијата на Блискиот Исток.

Oфанзивата започна во времето на преговорите меѓу Израел и Саудиска Арабија под покровителство на САД, што треба да доведе до нормализирање на односите меѓу водечката арапска држава и Израел.

Арапските земји повикаа на воздржаност, но исто така посочија дека Израел е виновен за офанзивата поради долготрајната блокада, а Иран, сојузник на Хамас и јавен непријател на Израел и Саудиска Арабија. Тие му честитаа на Хамас за херојската офанзива. .