Гвардиола го прозва незаменливиот играч: „Тој е птица, само лета, но мора да почне да работи за тимот“ (фото)

Денеска од 17:30 часот се игра големото англиско фудбалско дерби помеѓу Арсенал и Манчестер Сити. Голема улога во тоа ќе има Фил Фоден, кој сезонава е незаменлив и игра добро, но Пеп Гвардиола очекува повеќе од него.

Бидејќи Кевин Де Брујн е надвор од тимот, шпанскиот тренер бара од него повеќе да учествува во креирањето на играта, но предупредува дека 23-годишниот англиски репрезентативец треба да промени некои работи во својата игра.

– Фил има неверојатен фудбалски инстинкт. Тој не е играч кој многу размислува додека игра, тој е птица – лета каде што е потребно, но има чекор што треба да се помине и некои обврски што мора да ги направи за тимот – изјави Гвардиола и ја спореди адаптацијата нан Фоден со на онаа на Рик Луис.

– Кај некои играчи, како Луис, тоа доаѓа веднаш. Кога почна да игра на средината од средниот ред, ништо не го научив, сè му доаѓаше природно. Но, тој не е толку талентиран како Фил во други аспекти, што е нормално. Не можете да копирате работи од еден фудбалер и да ги префрлите на друг, се работи за тоа како ќе ги поврзете и затоа мојата работа е толку фасцинантна.

Гвардиола го обвинува Фоден дека е премногу себичен во некои ситуации.

– Фил играше на десната страна, играше на левата страна, играше во шеснаесетникот, ништо од тоа не му беше проблем. Дали може да игра како офанзивен играч за врска? За такво нешто, тој мора да ја разбере играта во целост, а не само да размислува за себе. Како што се развива, мора да го додаде тоа во својата игра.

Во пресрет на големото дерби против Арсенал, Гвардиола одговори и на прашањето за Деклан Рајс, кого сакаше да го доведе во своите редови ова лето, но не успеал.

– Сите знаеја дека и ние го сакаме, но на крајот Арсенал направи повеќе за да го донесе, можеби Микел беше поубедлив од мене. Кога Манчестер Сити ќе плати толку пари за еден играч, тогаш тоа е ’лудо’, но кога некој друг го прави тоа, тогаш се пишува дека направил паметен потег. Но, нема да им судам на другите клубови. Арсенал направи добар потег, а Рајс е исклучителен офанзивен играч за врска – заклучи тој.