Гасперини: Аталанта испиша историја

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини како историска ја оцени победата на неговиот тим во финалето на Лига Европа над Баер (3:0).

  • Мислам дека испишавме историја со начинот на кој победивме на овој натпревар. Беше едноставно неверојатно. Претходно ги победивме Ливерпул, Спортинг, кои ја освоија шампионската титула. Кога игравме со Ливерпул, тие беа први во Премиер лигата. И сега се соочивме против германскиот шампион. Неверојатно. Момците беа извонредни, ова е незаборавен натпревар, изјави Гасперини за официјалниот сајт на УЕФА.

Италијанскиот клуб за прв пат во историјата ја освои Лигата на Европа.

Воедно, Аталанта му го нанесе првиот пораз на тимот предводен од Чаби Алонсо кој беше во рекордна серија од 51 меч загубен натпревар.