ВРАЌАЊЕ? Ѓорѓевиќ го презема клубот со кој освои трофеи

Серхио Скариоло најверојатно заминува.

Виртус од Болоња не успеа да се пласира во плејофот на Евролигата, а во првенството на Италија ги очекува полуфинална плејоф серија со Тортона.

И покрај ова, се шпекулира дека тренерот на „црно-белите“ Серхио Скариоло треба да ја напушти клупата на славниот клуб иако има договор на уште една година.

Познатиот кошаркарски новинар Лука Далесандро пишува дека Скариола би можел да биде заменет со Александар Ѓорѓевиќ.

Српскиот стручњак ја предводи кинеската репрезентација од крајот на минатата година, а со клубот од Болоња ја освои Лигата на шампионите на ФИБА во 2019 година и шампионската титула во Италија две сезони подоцна.

Најголемиот успех го постигна како селектор на Србија со која освои сребрени медали на Олимписките игри, Светските и Европските првенства.