ПРВА ЖЕНА ОД САУДИСКА АРАБИЈА ВО ВСЕЛЕНАТА: Цената на едно место во ракета е 55 милиони долари

Ракетата SpaceX полета кон Меѓународната вселенска станица.

Ракетата на американската вселенска компанија SpaceX полета во неделата околу 23:37 часот кон Меѓународната вселенска станица (ISS) , кога беа создадени поволни временски услови за полетување.

Меѓу патниците се првите астронаути од Саудиска Арабија по неколку децении , како и бизнисмен од американската држава Тенеси, кој има свој тим за тркачки автомобили, пренесе АП.

Тие се предводени од пензиониран астронаут на НАСА , сега вработен во SpaceX, кој го организирал десетдневното патување.

Ова е втор чартер лет организиран од компанијата „Axiom Space“ од Хјустон .

Компанијата не соопшти колку чинат билетите за ISS, а претходно беше објавено дека цената на едно место во ракетата е 55 милиони долари .

Ракетата од типот „Фалкон“ беше лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“, а од тоа место првиот астронаут од Саудиска Арабија , принцот Султан бин Салман Ал Сауд, отиде во вселената во 1985 година. 

Овој пат арапската земја ја претставува Рајана Барнави, научник која ги истражува матичните клетки.

Таа стана првата жена од Саудиска Арабија во вселената , а со неа е и борбен пилот на саудиските воздухопловни сили, Али ал Карни.

Остатокот од екипажот го сочинуваат ентузијастот за спортски автомобили Џон Шофнер и Пеги Витсон, која го држи американскиот рекорд од 665 дена поминати во вселената, додава АП.